ОУ” Братство – Миѓени” од Тетово е едно од најстарите во Општинатаи е основано во далечната 1958 година . Централното училиште е лоцирано во центарот на Тетово на ул: “ Љубо Божиновски – Пиш “ бр 41. Но истото има и уште 4 училишни згради и тоа една на Спортски центар , една во Сараќино (подрачно училиште) и најновиот во населбата Дреновец,во Обврзници на училиштето се ученици од населбите ,, Борис Кидрич ,, ,, Спортски центар,, ,, Дреновец ,, и населеното место Сараќино .
Во училиштето во далечната 1958 г. наставата најпрво се изведувала на македонски и албански јазик од прво до осмо одделение. Покасно започнува настава на турски јазик од прво до четврто одделение. Училиштето од тогаш па до денешен ден се развивало и се развива со постојано зголемување на бројот на паралелките и учениците. Денес во него учениците посетуваат настава на: македонски јазик од прво до осмо одделение во Тетово и Сараќино, на албански јазик од прво до осмо одделение во Тетово и од прво до четврто одделение во Сараќино како и на турски јазик од прво до четврто одделение во Тетово .
Во уебната 2010/11 година стартува и најновиот училишен објект во населеното место Дреновец за учениците од таа населба од прво до осмо одделение (по 2 паралелки) со настава на албански јазик .

No comments:
Post a Comment